Шерон Стоун ги откри тајните за својот младешки изглед

Холивудската ѕвезда во својата 59-та година воодушевува со својот младешки изглед и убавина.

Таа е една од најсексипилните актерки во светот, а старее без никакви хируршки зафати, операции и ботокси. Шерон Стоун има тело и лице на кое завидуваат и оние помладите. Таа ги откри своите совети и тајни кои судејќи по својот беспрекорен изглед се неверојатно ефикасни.

Шерон посветува огромно внимание и нега на лицрто, таа открива дека за отстранувањето на шминкста користи мицеларна вода, нежни марамици а како завршен дел задолжително користи хидратантнс крема. Таа вели дека никако не излегува од својот дом без да стави крема со заштитен фактор на лицето, вратот и деколтето со цел да ја сочува кожата заштитена од сончевите зраци.

Шерон исто така откри дека обожава да се движи во природа, не сака напорни спортови и тренинзи туку претпочита јога и пилатес. Таа ужива во лесната звржа храна и е голем обожавател на риба и морски плодови, а особено ужива во чаевите и овошните напитоци.




Коментари

коментари