Категории

Што ги прави жените вистински привлечни за машките очи

Ако мислите дека градите, очите и задникот се најпривлечните работи за мажите, грешите. Истражувањата покажуваат дека има сосема други радикално различни женски гестови и карактеристики кои делуваат како магнет за мажите.

Утринското растегнување
Да се ​​види како нивната омилена се протега и мази како мачка рано наутро за мажите тоа е едно вистинско задоволство. Се разбира, кратките здолништа, секси облиците на телото и духовитоста се уште се привлечни за мажите, но оваа појава е едноставно неодолива.

Природна кожа без шминка
Жените погрешно мислат дека мажите нема да ги забележат, ако се без шминка. Всушност, речиси секој маж, кого што би го прашале ќе ви одговори дека не му се допаѓа шминката, особено тешката.

Благо заоблен стомак
Следниот пат кога вашиот партнер ќе ве штипне љубовно по стомачето не се повлекувајте – тие едноставно обожуваат да го прават тоа. Спротивно на сфаќањата дека мажите сакаат рамни и добро оформени стомачни мускули, благо заоблено стомаче (не шкембе) е вистински атрактивно за повеќето мажи.

Брчките
Фините линии и брчки ги загрижуваат постојано жените. Се мачкаме со какви ли не креми уште од 20-те години, за да ја спречиме појавата на брчки, а не треба. Мажите многу паѓаат на линиите, формирани од смеа околу очите и усните. Покрај тоа, тие ги гледаат како знак на зрелост и искуство.

Делови од телото кои не потемнеле
Едно од омилените нешта на мажите е да го симнат костимот за капење и да ги разгледаат останатите бели делови на кожата. Атрактивното во тоа е дека овие делови обично се најинтимните, што автоматски ги прави посебни – само мажот ќе ги види брадавиците откако ќе ви ја соблече облеката!

Добриот апетит
Не постои човек кој не се задева со постојаните диети на жените, нивно пресметување на калории, конзумирање на ужасната за посилниот пол марула и пропуст на вечерата.
Ако љубите пица, помфрит, торта и најчесто јадете со задоволство, ќе сте навистина неодолива за секој маж.

Бушава коса
Безгрижната коса е омилена на мажите, бидејќи можат да поминат со прстите низ неа, да ве повлечат малку за време на љубовната игра и да не се загрижени дека може да вриснете дека ви ја расипал фризурата.

Очила
Не брзајте да си ги ставате леќите, ако одите на состанок. Оставете ги очилата, бидејќи мажите едноставно ги обожаваат. Тие ве прават секси и неодолива во нивните очи.

Боси нозе
Босите женски нозе се фетиш за некои мажи, а за други се само секси. Мажите секогаш погледнуваат кон женските нозе и во повеќето случаи не бутовите се најпривлечниот дел, туку стапалата.

Прегледи:
324
Објавено на:
03.03.2017