Категории

Што не треба да ве изненади кај дамите кои во хороскоп се Близнаци

Дамите во овој хороскопски знак се многу интелигентни но некогаш знаат погрешно да ја проценат ситуацијата па поради тоа да навредат некој кој тоа не го заслужува.

Што се однесува до работата дамата Близнак е амбициозна и во своето професионално искачување нема да им пречи на другите. Никогаш не прифаќаат работа која сметаат дека нема да им донесе материјална корист, а со парите се однесуваат непромислено.

И во љубовта се држат до својата слобода, па дури и кога се вљубени се плашат да не се врзат за таа личност премногу. Тие знаат да го напуштат партнерот само затоа што се плашат да не станат негов “роб“.

Што се однесува до чувствата тие не сакаат јавно да ги покажуваат до таа мера што некогаш делуваат ладно. Од својот партнер бараат нежност и страст.

Инаку во љубовта и бракот се верни. Ако во некој случај се разведат по било чија вина тие никогаш нема да го заборават својот партнер.

По природа се љубоморни и ги прифаќаат патријахалните обичаи и навики. Измамата никогаш не ја простуваат.

Во основа се комуникативни личности кои имаат широк круг на познаници. И постојано се во потрага по нови и нови…Но не секогаш успеваат во таа потрага и за жал никогаш не сфаќаат дека подобро е да имаат помалку но лојални пријатели наспроти многу но неискрени.

Прегледи:
440
Објавено на:
10.03.2016