Што ни раскажува Ксенија Николова во нејзината нова книга?

Ако има книга што сакаш да ја прочиташ, но не е сè уште напишана, треба да ја напишеш ти. Така направи и Ксенија Николова, пишувајќи ја книгата „Емотивен манипулатор“, за која во средата на 13-ти декември, се одржа и официјалната промоција.

Ова утро, Ксенија, заедно со Гордана Војнеска од книжарницата „Култура“ беа гостинки во емисијата „Утринска на Телма“, каде што зборуваа за овој интересен, современ роман.

Ксенија инспирацијата ја добила од самата себе. Одбрала да пишува за тема со која секојдневно се соочуваме, а малку зборуваме. Според неа, многу луѓе ќе се препознаат во романот, затоа што манипулаторите ги има не само во љубовта, туку и во секој сегмент од животот.

Преку опишување на психилошки ситуации, Ксенија не учи дека треба да се сакаме себе си, да се почитуваме себе си, да знаеме кое е нашето место во животот, да бидеме реални, но и малку критични.

Повеќе детали за романот не ни открија, им оставија простор на читателите да „нурнат“ во страниците и да се пронајдат себе си.

Во меѓувреме, погледнте го нивното гостување во емисијата „Утринска на Телма“.

 




Коментари

коментари