Категории

Што означува бројот на ѕвездите на хотелскиот објект?

Начинот за оценување на хотелите преку ѕвезди како признание за квалитетот, е познат како општоприфатен систем за да се утврди севкупниот квалитет на хотелот, но тоа рангирање може да се разликува многу од една земја во друга.

Искуството во хотелиерството зборува дека секоја земја најчесто има свој начин да ги рангира хотелите од една до пет ѕвезди, формирани од различни органи, од туристички тела до владини агенции.


Но, бидејќи не постои меѓународен стандард за кој се придржуваат хотелите од целиот свет, ѕвездите се однесуваат на нивото на услуга на хотелот, удобностите, хигиената, локацијата и цената.  Според ова, хотелите со една ѕвезда располагаат само со основни опции, хотелите со две ѕвезди за разлика од тие со една, имаат  повисоки нивоа на хигиена, одржување и услуги, а хотелите со три ѕвезди располагаат со ресторан, основни сали за вежбање и конференциска сала или бизнис центар.

Во собата мора да биде достапна и WiFi мрежа, а сите соби вклучуваат сопствена бања и внатрешен телефонски систем за гостите. Кога зборуваме за хотелите со четири и пет ѕвезди, тогаш зборуваме за вистински луксуз и уживање. Сместувањето и престојот е на највисоко ниво, како и одличен персонал со исклучителен однос и грижа за клиентите. Хигиената, одржувањето, угостителството и испораката на услугите се придржуваат кон исклучително висок стандард.


Како и во земјите низ цел свет, така и кај нас во зависност од тоа што го барате и можете да го дозволите, постојат хотели со помалку и со повеќе ѕвезди. Секако, секој би сакал да осети комфорт, луксуз и релаксација, а да не се одрази тоа премногу на неговот буџет.

За среќа кај нас постои хотел кој ги нуди сите поволности кои ги имаат хотелите на светско ниво и го красат дури четири ѕвезди, а сепак е прилагоден за нашите стандарди.

Секако зборуваме за хотел Руссиа, омилениот избор на сите туристи, а воедно и домашните посетители. Овој хотел располага со луксузни апартмани, врвна услуга, ресторан, спа центар, скај бар со неповторлив поглед како и фризерски салон отворен секој ден во неделата. Поради сите овие услуги кои ги нуди, јасно е зошто хотел Руссиа е најпосетуваниот хотел кај нас.