Што посака принцот Џорџ од Дедо Мраз?

Принцот Џорџ е вистински шармер уште од мали нозе. За разлика од другите деца кои за Нова Година посакуваат многу работи, малиот принц имаше многу скромна новогодишна желба.

Ова преслатко четиригодишно дете, кое како и сите други дечиња верува во Дедо Мраз, ја напиша на лист хартија својата новогодишна желба. Малечкиот Џорџ посака да добие полициски автомобил.

За да му ја исполни желбата, Дедо Мраз потврди тој дека бил добар и послушен во текот на годината.

Пинцот Вилијам му го предаде рачно напишаното писмо на Дедо Мраз, додека беше во посета на Финска изминатата недела. Затоа нема сомнеж дека Дедо Мраз без проблем ќе му ја испорача толку посакуваната количка.




Коментари

коментари