Што правеа водителите од Утринска на Телма со Среќа маички?

Што е среќа? За нас среќа е кога ги гледаш највеселите телевизиски водители, облечени во среќни маички, насмеани и весели, како го пеат хитот на летото. 


Млади и енергични лица секојдневно ја разубавуваат програмата на телевизија Телма, а на гледачите им го исполнуваат времето со едукативни, информативни и забавни содржини.

Со позитивната енергија која умешно ја пренесуваат на сите гледачи, Цеце Трајковска, Марко Марк, Елена Вишка и Гоце Андреевски се среќата на телевизиските екрани, бидејќи никој друг не успева добро како нив да изнуди насмевка кај гостите и гледачите.

Летните денови знаат да бидат здодевни, кога сте затворени дома и се криете од високите температури, а тие се тука да ве забавуваат. Последната емисија за оваа сезона се емитуваше во живо во петокот на 14-ти јули, а тие со вистинско шоу им посакаа убаво лето на гледачите.

На малите екрани направија одлична летна музичка авантура со Лили. Веселите звуци на гитарата на Лили, нејзиниот прекрасен глас и водителите во улога на придружни вокали ни понудија вистинско музичко шоу, а секако неизбежен беше и летниот хит Despacito.

Со весела атмосфера, многу насмевки и смеење беше заокружена втората сезона на „Утринска на Телма“, а веруваме дека ќе ни подготват уште многу интересни содржини во следната сезона.




Коментари

коментари