Категории

Што се крие во „Големата зоолошка градина на Кина“?

Авантуристичка, возбудлива приказна на Метју Рајли, за тоа што се крие во големата зоолошка во Кина, е новиот наслов од издавачката куќа на Култура.

Големата зоолошка градина на Кина е филмски трилер на еден од најпродаваните автори на Њујорк Тајмс, кој ќе ви даде можност повторно да се чувствувате како дете. Една возбудлива авантура, за тајна што кинеската влада ја чува четириесет години. Тие го докажале постоењето на змејови во чиешто откритие никој не можеше да верува дека е реално, но нивното научно откровение ќе го зачуди светот.

Рајли е фан на работата Мајкл Криктон, а особено неговата „Паркот Јура“ со што ова дело не доаѓа како изненадување. Рајли ги заменил диносаурусите со змејови, а група американски ВИП новинари ја добиваат шансата да ги видат митските суштества во зоолошката за прв пат, осигурани дека градината е безбедна и дека нема ништо лошо да се случи.

Секако, работите брзо тргнуваат на лошо и посетителите се обидуваат да си ги спасат животите.

Филмски трилер на еден од најпродаваните автори на Њујорк Тајмс, Метју Рајли, кој ќе ви даде можност повторно да се чувствувате како дете. Една возбудлива авантура, за тајна што кинеската влада ја чува четириесет години. Тие го докажале постоењето на змејови во чиешто откритие никој не можеше да верува дека е реално, но нивното научно откровение ќе го зачуди светот. #ВоСветотНаКнигите ?? #reading #култура #книги #bookstore #инстаграмџии #инстаграмџики #park #nature #flowers #фотонанеделата #фотонаденот #фото #vscobalkan #vscomacedonia #vscoskopje #vsco #book #bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

 

Големата зоолошка градина на Кина е големо и смело дело, во кое Рајли најпрво ни дава информации за змејовите и не упатува во приказната, но откако ќе се запознаете со деталите, започнува акцијата. Се уништуваат згради, куќи, автомобили, сцени како извадени од големите акциони филмови.
„Големата зоолошка градина на Кина“ е веќе во продажба во Книжарницата Култура, а оваа долгоочекувана и возбудлива приказна не смеете да ја пропуштите.