Што сте според хороскопот: Победници или губитници?

Секој сака да победи, но не знае секој како да се однесува во таква ситуација. И обратно, треба да се знае да се губи. Ако може, со шарм или уште подобро со хумор.

sto-ste-spored-horoskopot-pobednici-ili-gubitnici-01

Еве, како најчесто реагираат, во такви ситуации знаците на Зодијакот:

Овен
Сака да биде прв и тоа му е во природата. Не стои високо, но сака да оди понатаму. Подготвен е да дели со другите, но нема баш да инсистира на тоа. Кој е блиску до него, ќе ги почувствува неговите доблести и пријатноста на победата. Како поразен игра фер плеј и ќе му подаде рака на победникот. Никогаш не е злопамтило. Ако изгуби, тој едноставно продолжува понатаму.

Бик
Победата му значи само ако од неа има некоја конкретна корист. Ако со неа е врзано нешто неопипливо, тогаш може да биде рамнодушен. Слично е и кога ќе се најде во улога на губитник. Нема да се грижи ако станува збор за нешто нематеријално, но ако треба да се откаже од нешто материјално или нешто што му го прави животот попријатен, тешко ќе се помири со тоа.

Близнаци
Близнакот секогаш ќе се снајде. Нивната подвижност се манифестира не само на физичко ниво, туку и во составот. Ќе релативизира речиси сè. Со задоволство ќе се забавува со својата победа, но нема да и придава премногу значење како некој друг. Не е ниту горд, ниту препотентен, повеќе е реалист. Кога ќе изгуби, рационализира и останува на површината. Така се лечи од поразот.

Рак
Иако никогаш нема да признае, на Ракот победата многу му значи. Сака да се докажува и во длабочината на душата ќе чувствува вистинско исполнување кога ќе победи. Тоа чувство ќе го подели со другите, а сигурно ќе сочувствува и со оној што изгубил. Веројатно и ќе го теши. Кога губи, долго потоа анализира каде згрешил. Така се подготвува тоа да го поправи.




Коментари

коментари