Категории

Што треба да има во плакарот секоја модерна деловна дама

Ако една од новогодишните одлуки ви е оваа година да напредувате во кариерата, тогаш не е лошо да ја обновите вашата гардероба.

Ви претставуваме мал водич кој ќе ви помогне да изгледате професионално, префинето но и тренди.

Еве кои 10 работи треба да ги поседува секоја деловна дама…

1. Пантолони кои убаво и стојат, а не ја откриваат секоја линија од телото.

2. Елегантен фустан со долги ракави (и секако пристојна должина).

3. Цврста ташна без реси, точки, неонски бои, животински принт…

4. Бела кошула со интересни детали.

5. Градник чии линии не се отсликуваат под кошулата или маицата.

6. Врвно сако.

7. Салонки со удобна штикла.

8. Мантил кој ќе трае неколку сезони.

9. Интересна но пристојна сукња за состаноци.

10. Боди или маица со шик риги.

Прегледи:
740
Објавено на:
30.01.2016