Сиа ги претекна хакерите

Австралиската пејачка Сиа ги претекна хакерите кои го пробиле нејзиниот телефон и компјутер во побарувачка на интимни фотографии на познати личности и објави на Твитер една од своите голи фотографии сосема бесплатно.

Таа на Твитер препорача дека нема потреба да ги препродаваат нејзините фотографии, затоа што сега можат да ги гледат бесплатно.

Сиа е позната по тоа што приватниот живот и вистинскиот изглед ги чува во тајност. Своето лице секојдневно го крие со различни перики и маски, но сега реши да објави своја гола фотографија.

Таа е една од најуспешните и најпознатите текстописци, која досега има сорботувано со Ријана, Бијонсе, Кејти Пери и Адел.

https://platform.twitter.com/widgets.js




Коментари

коментари