Синди Крафорд одговори на 73 прашања во рубриката на Vogue

Супермоделот кој го покори модниот свет во ’90-тите водини и ден денес се одликува со посебен престиж и почитување. За “модната библија” Vogue таа ги отвори вратите од својот дом во Малибу каде одговори на 73 прашањата од познатата рубрика.

Синди откри дека омилено јадење и е кавијар додека омилен десерт и е чоколадото. Таа призна дека музичарот Prince напишал песна за неа и дека малку познат факт за неа е дека има кралско потекло. Како must have козметички продукти ги наведе заштитната крема со фактор, сјај за усни и маскара. Во видеото подолу откријте што друго сподели со своите обожаватели.




Коментари

коментари