Синот на Мајкл Џексон неверојатно личи на неговиот татко

Пред 14 години се случи еден од најпознатите моменти во историјата на шоубизнисот, кога Мајкл Џексон преку ограда го нишаше својот новороден син Бланкет, сакајќи да им го покаже на папараците.

Поради неговата постапка на нозе станаа сите медиуми, здруженијата за заштита на децата и голем број активисти, а Џексон на крајот се извини и рече дека не размислувал за можните последици.

– Нема извинување за тоа што се случи, ме понесе возбудата. Никогаш не би ги загрозил животите на своите деца, рече тој.

Денес момчето има 14 години, а Џексон на неговата мајка и платил 20.000 долари за да го роди.

Во документарниот филм на Мартин Башир, тој призна дека момчето е во контакт со мајката, но не го откри јавно нејзиниот идентитет. Според некои медиуми, станува збор за мексиканска медицинска сестра Хелен која живее во Сан Диего, а Џексон ја избрал за мајка на своето дете поради нејзината светла кожа и убавина.

Тоа што обожавателите ги изненади е физичката сличност меѓу Џексон, додека бил дете, и Бланкет.

Денес, Бланкет не го носи повеќе тоа име, затоа што децата во училиштето го измевале и живее со сестра му Парис и бабата Кетрин. Наводно сега се вика Биги, а некои медиуми тврдеа дека отсекогаш бил лут на татко му, затоа што му го дал името Бланкет.




Коментари

коментари