Сите деца заслужуваат среќа

Новата година е период кога малите дечиња најмногу и се радуваат, особено затоа што добиваат многу подароци. Но, постојат и дечиња за кои Новата година е само обичен ден, како и сите останати.

За да се промени тоа и за да сите деца бидат среќни на овој ден, здружението „Проект Среќа“  од 1-ви декемви ја започна новогодишната кампања „И јас сум Дедо Мраз“. Кампањата има за цел да обезбеди голем број на новогодишни подароци за децата кои живеат во сиромаштија. Како изненадување, подароците во нивните домови ќе им ги донесе лично Дедо Мраз.

Целта на овој проект да  се вклучат е што е можно повеќе луѓе, особено јавни личности кои имаат голем број следбеници на социјалните мрежи, да ја промовираат и да станат дел од неа. Сите оние кои сакаат да учествуваат и да придонесат за овие дечиња, од 1 до 10 декември, треба да купат новогодишен подарок или онолку колку што можат подароци, за деца до 11 години. Подароците треба да убаво да се завиткани, и на нив да стои за која возраст е и од кој пол е детето. Потоа, фотографиите од подароците треба да се објават на социјалните мрежи со хаштаг #ијассумдедомраз #проектсреќа. На тој начин, јавните личности ќе ги мотивираат сите граѓани, но и компаниите и институциите да го сторат истото. Важно е кај сите да се разбуди алтруизомт и хуманоста, токму за Нова година, кога тие деца и луѓе кои немаат, се чуствуваат отфрлено. За учество во овој проект потврдија македонски јавни личности: пејачи, актери, спортисти, политичари.

Подароците можат да се  донираат до 18 декември, во канцелариите на Здружението, кое се наоѓа на улицата Христо Смирненски бр. 4/5, близу до Универзалната сала. За сите информации, луѓето можат да се обратат кај координаторот на проектот Благица Ристов, на телефонскиот број 078-405-264.

Од 20 до 27 декември Дедо Мраз ќе ги посети дечњата во нивните домови и ќе им ги додели подароците.

Детската радост и насмевката се бесценети. Затоа, ајде да ја направиме Новата година да биде среќна за сите дечиња.

 




Коментари

коментари