Категории

Слатки поштенски марки со илустрации од омилените градови низ светот

Талентирана за илустрации, дигитална уметност, дизајн и маркетинг Elen Winata е од Сингапур и има импресивно и интересно портфолио со едноставни, но провокативни идеи. Со нејзиниот последен проект Stamp : Cities, Winata креира игриви поштенски марки од популарни дестинации во светот.

Чисти линии, едноставна форма, смели бои, поштенската марка е илустрација со културно обележје во зависност од градот. Како на пример Empire State Building во Њу Јорк, Лондонскиот Tower Bridge, како и Париз, Рејкјавик, со инкорпорирани досетливи и интересни фигури, како Кинг Конг и Мери Попинс.

Нејзините дела можете да ги видите на нејзиниот вебсајт.

.