Категории

Славната двојка Викторија и Дејвид Бекам сакаат петто дете

Славната двојка Викторија и Дејвид Бекам, велат дека сакаат петто дете и дека почнале да „работат“ на тоа, откри нивната пријателка Тана Ремси.

 

За да го подобри своето здравје, 42-годишната Викторија, ја зајакнала својата диета базирана на спанаќ со брокули и зелен зеленчук, богат со фолна киселина.

По неколку години пауза, Викторија е подготвена за „последното бебе“ во овој семеен клуб на славни и богати. Дејвид сака бебе откако се роди нивната ќеркичка Харпер во 2011 година.

Тана открива дека по пензионирањето Дејвид се врати на терен, но овој пат како судија. Поранешниот капитен на англиската репрезентација два пати беше во улога на судија на школски мечеви во кои играше неговиот син Круз во Западен Лондон.

Викторија и Дејвид, покрај ќеркичката Харпер ги имаат и трите сина, Бруклин (17), Ромео (13) и Круз (11).

Прегледи:
549
Објавено на:
29.05.2016