Славната Ферхунде живее во луксуз: Ова е нејзиниот дом од 200 квадрати на брегот на Босфор (видео)

Убавата труска актерка Дениз Чакир (34), која славата ја стекна со улогата на Ферхунде, лошата снаа на семејството Текин во серијата „Кога лисјата паѓаат“ , моментално го доживува врвот во кариерата толкувајќи го ликот на Мерјев во серијал за мафија, еден од најгледаните минатата година.

Во Истанбул се доселила во 2004 година и како што и растеше славата (а со неа и заработувачката) така и менувала станови, Кон средината на 2016 година со нејзините мачки Шати и Пиринч се преселила по четврти пат. Нејзиниот нов стан од околу 200 квадратни метри се наоѓа на самиот брег на Босфор во квартот Куручешме.

 

-Живеев во Арнавуткој, на Бешикташ и Нишантш, последна станица ми е Куручешме“, открива Дениз за декемврискиот број на магазинот ИнСтајл.

-Тука најмногу ми се допаѓа. Куќата ме освои на прв поглед и во мене разбуди пријатни чувства. Во претходните станови глумев среќа, можеби затоа што сум Јарец во хороскоп па истрајувам во намерите, но овде се чувствувам спокојно без било каков труд. Како на некој начин да ме прибрала и поради тоа чувствувам длабок мир. Се покажа дек ами била потребна куќа со поглед на море, полна со прекрасна светлина и целата покриена со огледала. Ниту во една друга не можев себе си да се видам на овој начин“, се пошегувала Дениз.

 

InStyle Home Aralık sayısında görüşürüz..😉 💃🏻💃🏻💃🏻

A video posted by Deniz Çakır (@denizcakir) on

На убавата актерка, која покрај снимањето на серијата со театарски претстави ги посетува градовите ширум земјата, многу и се допаднал дизајнот на ентериерот во новиот дом. Таа како што кажала единствено што сменила се тапетите каде што било неопходно и додала неколку парчиња мебел по свој вкус.

Најважен и е орманот за нејзините бројни книги, а особено водела сметка да нема премногу завеси и теписи кој како што кажала сака да ги има само во спалната соба.

Пространата куќа има салон, отворена модерна американска кујна, три големи соби и две бањи. Денис, која ај сметаат за една од најдобро облечени Турчинки едната соба ја претворила во гардеробер.

Според фотографиите на социјалните мрежи, со големо задоволство својот дом го „облекла“ во празнична декорација, а роденденот на 31 декември сепак го прославила со колегите на сетот.




Коментари

коментари