Категории

Слушнете ја новата песна на Каролина Гочева

Познатото македонското девојче, Каролина Гочева, ја објави првата песна од новиот албум, што ќе излезе на почетокот од 2018 година.

Каролина Гочева со песната „Ѕвона“ уште еднаш допре до срцата на фановите, а доказ за тоа се низата позитивни коментари на социјалните мрежи. Тијана Дапчевиќ, Калиопи и многу други нејзини колеги имаа само пофални зборови за нејзиното најново дело. Според нивните коментари, песната е прекрасна и со душа го очекуваат нејзиниот нов албум.

Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, додека спотот е во режија на Огнен Шапковски- Мелем Продукција.

Со мелодија која ве носи на некое магично место и видео запис, кој е вистинско дополнување на музиката, „Ѕвона“ ќе биде мелем за ушите и очите во овој празничен период.

Слушнете ја нејзината нова песна и уживајте:

Прегледи:
973
Објавено на:
20.12.2017