Сонот на 9 годишниот Кен е да ги згрижи сите улични животни

Остварувањето на соновите е навистина добро, но уште подобро е кога сонот е да помогнеш на некого. Во светот има многу лоши работи, но постојат луѓе чии добри дела ни враќаат надеж. 

Кен е момче од Филипините, кој како осум годишник имал сон да направи засолниште за улични кучиња и мачки. После една година, со финансиска помош од татко му, како и од останати дарежливи луѓе, неговиот сон се остварил.

Мисијата на Кен е јасна „Официјалниот претставник на шинтеријата вели дека поголемиот дел од животните се усмртуваат, бидејќи само 20-30% од сопствениците на животните доаѓаат да ги земат, а ниту една организација за заштита на животните не прави нешто за тоа. Јас сакам да спасам што повеќе кучиња да бидат убиени без причина.“

Иако Кен подолго време го има овој сон, тој неодамна почна да се остварува. Кен ги хранел кучињата на улиците, а фотографии од тоа се појавија на интернет, како и приказната на Кен. Многу луѓе ја понудија својата помош, со цел да им се помогне на кучињата, да се нахранат и да се излекуваат.

„Мојот татко ми кажа дека ќе ми бидат потребни многу пари и 20 години за да направен засолниште за животните. Тој рече дека само возрасни може да соберат доволно пати за да оформат засолниште“ – објаснува Кен. „Некои многу добри луѓе, кои ги видоа сликите донираа пари за да можам да се грижам за животните. Собравме доволно пари за да ги тргнеме кучињата кои ги хранев од улиците, почнав да ги хранам со квалитетна конзервирана храна и им обезбедив ветеринарна помош. Качија тежина, отворените рани им зараснаа и им се обнови крзното. Исто така, научија да не се плашат од луѓето.“

Тука се даваат донациите за засолништето на Кен.

 




Коментари

коментари