Сопственикот на Alibaba во акционен филм

Кинески милијардер и сопственик на „Alibaba”, Џек Ма, ја  покажа својата неверојатна боречка вештина во борбата со Џет Ли, Сам Ханг и други мајстори на боречки вештини во својот дебитантски акционен филм.

Во филмот „Gong Shou Dao” во кои познати азиски кунг-фу борачи ја претставуваат својата неверојатна боречка вештина, брзина и моќ, се појавува и 53-годишниот основач на „Алибаба”, Џек Ма.

Тој во филмот се бори против актерката Дони Јен, актерка и сопственик на црн појас во таеквондо Наташа Лиу Бордизо, пензиониран монголски сумо шампион Асашонија Акинорија и мајсторот на тајландски боречки вештини Тони Јаја. На крајот и британскиот актер Џејсон Штета и боксерите Мени Паки и Генадиј Головкин го предизвикаа Ма на борба.




Коментари

коментари