Категории

Совети за правилно нанесување на шминка

Нанесувањето на шминка е секојдневна рутина на современата жена. Но по кој редослед се прави тоа и дали е правилна вашата мејкап рутина, погледнете ги овие неколку совети кои дефинитивно ќе ви помогнат при усовршување на вашите способности.

 

Подгответе ја кожата

Важно е шминката да се нанесува на чиста кожа, свежо измиена со топла вода која ќе помогне да се отстрани нечистотијата што се насобрала на површината на кожата, а може подоцна да го спречи и симнувањето на шминката. Ако пак се користат одредени производи за дополнително чистење на лицето, тогаш нека бидат наменети за вашиот тип на кожа, односно да не предизвикуваат дополнително сушење или мастење на кожата. Она што секој дерматолог го препорачува е лицето да се мие исклучиво со млака вода и да се брише со мека крпа.

Image result for washing face

Хидратација

По миењето на лицето, се нанесува хидратантен крем кој нема да и ја даде само потребната влага на кожата, туку ќе и овозможи и дополнителна нега како и еластичонст на кожата што ќе го олесни и нанесувањето на шминката.

Image result for putting cream on face

Одберете права подлога

За постојана шминка се набавува квалитетна подлога, која ќе помогне по нанесувањето на пудрата да остане подолготрајна и со подобар ефект. Подлогата за пудра треба да се нанесе откако ќе се впие хидратантниот крем. Одберете поквалитетна пудра, течна или во прав која има формула за поголема долготрајност.

Image result for putting foundation on face

Нанесување неколку слоеви сенка за очи

Со нанесување на неколку слоеви шминка или сенка на очи, ќе се постигне посакуваната долготрајност. На горните и долните капаци нанесете коректор или подлога за сенка со што ќе се спречи бришењето или собирањето на сенките. Откако ќе ја нанесете подлогата, во тенок слој нанесете сенка за очи. Ако нанесувате молив за очи, врз подлогата направете линија, а потоа ставете ја сенката и повторно поминете со моливот. На крајот нанесете маскара во тенок слој.

Image result for eye shadow

Долготраен кармин за усни

Ако сакате да ги нагласите усните да бидат впечатливи, тогаш направете го следново: нанесете хидратантен балзам, па поминете со молив за усни кој има боја на кожа или боја како вашиот кармин, потоа со четкичка нанесете кармин за усни. Со тоа ќе постигнете долготрајност на вашиот кармин, а усните ќе бидат дефинирани и ќе изгледаат пополнети и позаводливи.

Image result for lipstick lips

Завршен чекор

Откако ќе завршите со нанесувањето на шминката, зацврстете ја со транспарентна камена пудра. Нанесете ја со голема четка за шминка, посебно на тие места каде кожата е помасна. Пудрата ќе ја отстрани маснотијата и ќе го спречи топењето на шминката.

Image result for powder foundation

Прегледи:
712
Објавено на:
01.11.2016