Спајс Грлс обединети и заедно на светска турнеја?

Наводно, Спајс Грлс одат на турнеја!

Членовите од една од најпознатите женски групи кои некогаш постоеле Спајс Грлс, објавија минатата недела дека се повторно заедно, но сеа има најави за турнеја во Европа и САД. Првичните планови за телевизиски појавувања и мали шоуа прераснале во нешто повеќе после нивната прва јавна средба после години, минатата недела.

Енергијата го напаравила своето, па откако седнале заедно нивните амбиции се зголемени. Иако сеуште постои колебање кај Мелани Си, наводно Викторија Бекам која често говореше дека не би го правела тоа повторно, се предомислила и би се појавила повторно на сцена.

Откако се појавија минатата недела во јавност, обединети, сега се шушка дека нивниот менаџер Сајмон Фулер веќе ја организира турнејата, која би требала да започне кон крајот на летото.

 




Коментари

коментари