Категории

„Спасете ги децата! За чист воздух!“ Потпишете ја петицијата за итни мерки против загадувањето

Skopje Smog Alarm Macedonia излезе со петиција   која произлегува континуирано загадениот воздух во градот и контнуираниот удар врз здравјето на луѓето. 

Барањето во петицијата е во услови на хуманитарна и еколошка вонредна состојба Премиерот на Владата на РМ, г-динот Зоран Заев, како и  општинските власти, итно и неодложно да ги имплементираат следниве мерки:

  • Секојдневно миење на улиците со цистерни со обична вода
  • Времен прекин на сите градежни работи во зимскиот период
  • Времен преки на работа на сите погони и индустриски капацитети со А и Б интегрирана возила
  • Исклучување од сообраќај на тешки возила и стари автобуси
  • Бесплатен јавен превоз
  • Редовни и ригорозни инспекции за палење на несоодветен материјал
  • Предвремен зимски распуст на сите ученици
  • Посебен режим на сообраќај преку забрана на движење на патнички возила во поширокото централно градско подрачје

Понатаму посочуваат дека за овие мерки не се потребни посебни средства од буџетот на РМ, туку само административни одлуки и добра политичка волја, а за да и вие се приклучите кон барањата, одете на овој линк

Прегледи:
444
Објавено на:
14.12.2017