Категории

Спектакл во Париз: Погледнете го ЦЕЛОТО шоу на Victoria’s Secret

Милиони лица ја очекуваа телевизиската премиера на шоуто на Victoria’s Secret за да ѕирнат како изгледаше зад и на сцената на најжешката ревија.

Точно 51 модел дефилираше на пистата во Париз, а 82 костими ги вртеа погледите кон нивните тела.

Шест сегмента го сочинуваа спектакуларното шоу во срцето на Градот на светлината. Колорит и елементи од различни култури обединуваше „The Road Ahead“, игрива наивност и женственост владееше во „Mountain Romance“, модерниот уличен стил проткаен со спортски нишки го диктираше „Pink Nation“, сексапилот на фаталната жена го инспирираше „Secret Angel“, ултра секси готик костими беа прикажани во „Dark Angel“, додека ведрина и гламур се спојуваа во „Bright Night Angel“.

Погледнете го комплетното шоу:


Victoria’s Secret Fashion Show 2016: Full Show HD by vt07-movie

Прегледи:
315
Објавено на:
07.12.2016