СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (15 ФЕВРУАРИ, 2018)

Овен 

Оние Овни кои се родители целосно ќе се посветат на своето семејство особено на потомството. Кон своите деца ќе се однесуваат заштитнички но од нив ќе бараат да бидат репрезентативни и успешни. Оние слободните лавови кои припаѓаат на посилниот пол ќе биде многу тешко да се освојат, а уште потешко да се задржат. За разлика од нив  оние од женскиот пол ќе бидат секогаш подготвени и спремни за флерт и заведување.

Бик

Ако вашата професија е поврзана со спорт, креативност или пак медицина , работа со деца, денес можете да очекувате плодност и успех. Некој поискусен и повозрасен ќе ве подучува за тоа како да се износите со новите одговорности. Другите Бикови ќе имаат значајни случувања на интимно ниво.

Близнаци

Вашето внимание е обземено од детали. Ако оваа карактеристика се манифестира на работно поле, ќе успеете да завршите и средите многу обврски. Но, aко се манифестира на лични и психолошко ниво – логично е дека ќе се најдете во лавиринт без излез. Засега, едноставно фокусирајте се на она што е пред вас.

Рак

Старите љубови и старите партнерства на некаков начин се враќаат во вашиот живот. Не заборавајте дека намената  на овие случувања не е обнова на врската или започнување на нешто ново. Космосот создава услови за разрешување на некои нерасчистени прашања. Искористете го мудро следниот период.

 




Коментари

коментари