СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (15 СЕПТЕМВРИ, 2016)

Овен 

Вие имате многу вештини и различни способности. Во текот на денешниот ден би можело да се потсетите на некои креативни способности што не сте ги користеле одамна. Пуштете ја вашата фантазија и дозволете си креативноста да излезе од вас. Истиот потенцијал би можел да делува стимулативно и на интимно и сексуално поле.

Бик

Чувствувате наплив на емоции и имате внатрешни немири и не сте способни за правилна проценка на ситуацијата, па затоа е зголемена можноста за лоши одлуки и избори. Олабавете се и потсетете се на вашите целни категории.

Близнаци

Во текот на овој ден ќе имате тенденција да анализирате некои постапки од минатото или ќе ги барате мотивите на некои луѓе за нивните однесувања и акции. Можеби ќе дојдете до заклучок дека треба да го промените ставот кон некои работи или личности?

Рак

Честите промени во расположението ќе ве натераат позадлабочено да анализирате некои ситуации и моменти, кои ги сметате одговорни за тоа. Втората половина од денот ќе биде подинамична од првата. Прифатете ги поканите за излегување и уживајте со вашите пријатели.

Лав

Денес би можело да се појават неочекувани можности за кратки патувања. Ќе имате жив дух и ќе имате потреба за многу движење. Некои од вас ќе сретнат одредени личности кои немале можност да ги видат подолго време. Денот ќе изобилува со социјални контакти и размени.

Девица

Денес вашата креативна и романтична црта е експандирана. Вашите емоции се разбудени и имате зголемени потреби за нежност и романтика. Оние што се во врска или брак ќе можат да уживаат во взаемните односи со партнерите. Оние кои се сингл ќе имаат подобрен социјален живот и имаат можност за нови познанства.




Коментари

коментари