СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (18 ЈАНУАРИ, 2018)

Овен 

Се чувствувате запоставено од страна на некој пријател, но не го чекајте тој да реагира, побарајте го вие. Потребна ви е релаксација од сите обврски, опуштете се со добра книга или филм.

Бик

Денот ќе ви биде исполнет, но, во попладневните часови ве очекува разделба со близок пријател. Наместо да бидете тажни посакајте му среќа и покажете му дека сте среќни за неговите успеси. Здравјето е во ред.

Близнаци

Денот ќе ви започне со некоја добра вест. Цел ден мислите ќе ви бидат на друго место, вашата отсутност ќе ја забележат и вашите претпоставени. Потрудете се да си ги исполните сите обврски што ви се предвидени.

Рак

Ќе ви недостасува љубов од најблиските, затоа покажете им вие колку ги сакате и таа веднаш ќе ви биде возвратена. По напорниот работен ден опуштете се и релаксирајте се со добар филм.

 




Коментари

коментари