Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (12 ЈАНУАРИ, 2018)

Овен 

Ќе си ја цените слободата и нема да дозволите кој било да ве ограничува и принудува да следите туѓи планови. Денес ќе ги раширите своите крилја и ќе летнете во потрага по забава. Благодарение на Месечината, ќе бидете расположени за дружење без крај. Каде и да одите, ќе наидувате на познаници кои ќе ги „заразувате“ со позитивната енергија.

Бик

Под влијание на Месечината ќе бидете пречувствителни, па длабоко до вас ќе допираат нешта кои во други околности би ги игнорирале. Не се плашете од емоциите – независно од тоа дали се позитивни или негативни. Ќе бидете пријатно изненадени од однесувањето на некоја личност кон вас. Многу луѓе гледаат на вас со почит и вие тоа допрва ќе го дознавате.

Близнаци

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.

Рак

Тактизирајте ги работите ако сакате да постигнете успех. Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.

 

1 2 3

Прегледи:
745
Објавено на:
11.01.2018