СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (12 ЈАНУАРИ, 2018)

Лав

Пред себе имате силна цел, а тоа е усовршување на знаењето. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот е намален. Желбата за успех е силна затоа и сета енергија ви е насочена кон тоа. Ја проучувате секоја ситуација. Чувствувате блага нервоза, но тоа е нормална состојба за вас.

Девица

Веќе подолго време ве мачи нешто, а самите не знаете што. Времето работи за вас, искористете го тоа и уживајте во нечија прегратка. Обврските не можат да чекаат. Доколку пропуштивте нешто, потрудете се тоа денес да го надоместите. Некој ќе ви застане на патот, не дозволувајте да ви ги попречи плановите.

Вага

Денот е создаден за желби, но не претерувајте во очекувањата. Бидете внимателни со лицето што ви изгледа премногу добро за да биде реално. Најверојатно ќе се разочарате. Ќе дознаете дека човекот покрај вас не е тоа за што се претставува.

Скорпија

На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете нова личност, не дозволувајте вашата лутина и фрустрациите да влијаат врз конечниот суд, туку покажете ги своите квалитети.




Коментари

коментари