Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (05 МАРТ, 2018)

Овен

Непотребно се чувствувате запоставени од страна на колегите. Ќе учествувате во неколку кавги кои максимално ќе ви го расипат расположението. Во попладневните часови можете да очекувате повеќе повици од различни лица. Ќе имате и повик од некој додворувач кој ќе ви предложи нешто поконкретно. Финансиите ви се нестабилни.

Бик

Ги цените добрите совети од личноста која ве разбира. Некој ќе ви понуди заедничка работа и ќе бидете подготвени да се вклучите во тоа. Имате можност да се смирите со некој Рак само ако промените нешто во вашиот став кон него. Не ја пропуштајте приликата да навлезете во некоја нова и интересна работа.

Близнаци

Ова е еден напорен ден за вас, бидејќи позицијата на Месечината воопшто не ви одговара. Можете да бидете незадоволни и од развојот на ситуацијата на финансиски план. Не би требало премногу да се нервирате поради ставот на еден Овен или однесувањето на некој Стрелец или Водолија. Уверени сте дека можете ситуацијата да ја завртите во ваша корист. Не се потпирајте на ветувањата на некој кој повеќе пати ве изневерил.

Рак

Денешниот ден може да биде одличен за пресврт во љубовниот живот. Многу лица ќе бидат збунети од вашите постапки, па ќе треба да го објаснувате секој ваш потег и кажан збор. Лесно ќе ви биде да процените дали некој ги споделува своите вистински чувства со вас. Никој нема да може да ви се сокрие зад маска.

 

1 2 3

Прегледи:
852
Објавено на:
04.03.2018