Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (12 ФЕВРУАРИ, 2018)

Лав

Денешниот ден може да биде стресен ако не сте подготвени да се прилагодите на условите кои ви ги поставуваат Близнаците, Овенот или Девицата. Сепак, можете да очекувате дека добро ќе поминете дури и на работа, особено ако се занимавате со уметност и уживате во својата работа. Подготвени сте да се соочите со помалите проблеми од финансиската природа на начин на кој претходно не сте биле подготвени.

Девица

На некого сте му многу драги, тоа може да е една Вага која ќе ви предложи заедничка работа. Иако делувате отворени, всушност прилично сте таинствени кога станува збор за нов бизнис, друштвени врски и сл. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив.

Вага

Многу ви е важно што за вас мисли некој Рак или некој Бик. Со некој Јарец тактизирате, не сакате сеуште да ја испуштите приликата која се однесува на можно напредување, иако, ако долг период сте незадоволни, подготвени сте да направите голем пресврт во работата.

Скорпија

Свесни сте колку е важно тоа што луѓето околу вас го мислат но многу поважно ви е вие да бидете задоволни самите со себе. Малкумина ве разбираат и малкумина се подготвени да го направат она што вие го очекувате, особено ако сте млади и недоволно афирмирани. Трудете се да оставите што е можно подобар впечаток кај некој Бик или Јарец.

 

1 2 3

Прегледи:
1166
Објавено на:
11.02.2018