Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (15 ЈАНУАРИ, 2018)

Овен 

Понекогаш не е лесно да се оствари некаков договор, па затоа внимавајте кои зборови ги користите во друштво на вашите соработници. По завршувањето на работното време можете да се опуштите со вкусен ручек со вашата сакана личност.

Бик

Постојат соработници кои немаат доволно слух за вашите идеи, но не возбудувајте се премногу. Трпеливо чекајте да се смират негативните страсти. Немојте непотребно да го иритирате вашиот партнер, бидејќи тоа ќе донесе спротивен ефект во врската.

Близнаци

Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите дека можете да ги исполните дадените ветувања. Денес препорачливо ви е да избегнувате премногу напорни или стресни ситуации.

Рак

По утрото се познава денот, па така уште рано наутро ќе добиете некакви добри вести. Инвестирајте во себе и во своето тело и почнете да вежбате. Вечерва излезете и облечете го вашиот најсекси фустан. Сите погледи ќе бидат вперени кон вас.

 

1 2 3

Прегледи:
826
Објавено на:
14.01.2018