СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (19 ЈУНИ 2017)

Стрелец

Денес е совршен ден за промени. Искористете ја вашата стабилност и направете нешто ново. Oблечете го фустанот за кој претходно немавте храброст, или пак бојадисајте ја косата во бојата која одамна ја посакувате. Ќе привлечете многу љубопитни погледи, па, кој знае, можеби среќата ќе ви се насмевне.

Јарец

Работите може да ви бидат малку чудни денеска, но не е сѐ така страшно. Новите промени кои ќе решите да ги направите ќе ви донесат само позитивно расположение. Можеби одамна велите дека треба да почнете да вежбате, но денес е вистинскиот ден да почнете да го правите тоа.

Водолија

Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа.

Риби

Можеби стресот деновиве ви беше број еден на листата, но денес работите ќе се сменат. Очекувајте да ве обземе среќа и добро расположение. Во вечерните часови посетете некој близок и испијте го доброто заедничко кафе.




Коментари

коментари