СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: СРЕДА (15 НОЕМВРИ, 2017)

Лав

Идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.

Девица

Ќе бидете во хармонија со своите блиски, и ќе ви се врати ведриот дух. Не трошете многу енергија и не полемизирајте со никого, дури и ако бидете предизикани. Бидете поискрени со вашите пријатели. Ако сакате да внесете нешто ново, било да е тоа на работното место, или во љубовта ова е одличен ден.

Вага

Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје и нормално љубов која ви ја дарува саканата личност. Работата некако паѓа во втор план. Ве очекува многу среќа и радост, така да не треба да го губите времето на споредни работи.

Скорпија

Денеска ќе бидете доста повлечени и напнати. Некои од вас ќе добијат желба да се подалеку од другите, односно да се повлечат со своите мисли. Ве очекуваат пријатни изненадувања на сентимантален план, но само ако ја вратите ведрината на вашето лице и ако се дружите.

 




Коментари

коментари