СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: СРЕДА (15 НОЕМВРИ, 2017)

Стрелец

Нова љубов, деца, спорт и забава – ова ќе бидат работите кои ќе ве интересираат во текот на денот. За сето тоа енормно ви расте интересот. Доколку тврдоглаво настојувате да го реализирате тоа што не е можно, за вас ќе биде многу непријатно и може лошо да се одрази врз вашата здраствена состојба.

Јарец

Постапувајте практично во животот за да можете загубите да ги сведете на минимум. Ќе спасувате се што можете да спасите. Време за губење немате. Само со јасни погледи можете да ја постигнете целта во спротивно ќе имате недоразбирања со околината.

Водолија

Интензивно ќе работите на пронаоѓање на ново работно место, нови деловни партнери или пак на евентуално напредување на работното место. Ќе ви бидат нагласени интелектуалните способности како и амбициозноста и самодисциплината.

Риби

Иако од желбата за наметнување на сопствените убедувања на околината и на партнерот имате само штета сепак тоа е појако од вас. Моментално таа ваша гордост е голема препрека во вашето функционирање. Пожелно е понекогаш да глумите безпомошни.




Коментари

коментари