СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: СРЕДА (20 ДЕКЕМВРИ, 2017)

Овен 

Со право се сомневате во некој пријател кој од неодамна се завртел кон интересите на некоја Водолија или Стрелец. Ќе чувствувате немир а вашето расположение ќе биде променливо. Транзитот на Месечината ви носи можности за преговори за некоја нова работа од која очекувате добра заработка. Ќе ви помогнат некои Близнаци или Девица.

Бик

Верувате дека имате позитивно влијание на некое лице со кое често соработувате, можно е да станува збор за некоја Водолија. Кај вас денес исклучително е нагласена комуникацијата со странци. Обидете се да направите добар избор во тешките ситуации, односно да го изберете полесниот пат.

Близнаци

Се трудите да добиете на време која станува збор за донесувањето на одлука во врска со некоја нова работа поврзана со некоја Девица. Добро се чувствувате во друштво на некое лице кое ве поттикнува уште повеќе да работите и успеете. Овој ден ќе ви биде нагласена нетрпеливоста, внимавајте да не навлезете во некоја кавга. Во попладневните часови со радост ќе уживате во домашните услови заедно со саканата личност.

Рак

Не се нервирајте бидејќи новата работа не тргнала во посакуваниот правец. Некој Лав ќе ви подари одлични совети кои уште веднаш можете да ги примените. Некој ќе биде сериозен во намерите да ве убеди дека грешите, но не му обрнувајте внимание. Потешкотиите во емотивниот живот, решете ги со отворен разговор.

 




Коментари

коментари