СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (05 ДЕКЕМВРИ, 2017)

Овен 

Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе кои имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва поразговарајте си со својот партнер и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.

Бик

Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Партнерот сака да доминира, но не му го дозволувате тоа и стоите цврсто на земја. Постојано наидувате на неочекувани ситуации. Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите.

Близнаци

Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како што гледате вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате. Добро е што е викенд за да можете без чувство на вина да ги следите своите желби.

Рак

Не дозволувајте финансиските фрустрации да ви попречат на патот кон успехот во комуникацијата и завршувањето на работите. Тоа е привремена ситуација. Може да бирате: или одлучно да продолжите кон целта или да побарате помош.

 




Коментари

коментари