СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (20 ЈУНИ 2017)

Овен 

Нема ништо поубаво од читање книга во кревет. Почнете го така денот и ќе ги видите разликите во расположението. Доколку не сте во врска, денес поставете си нов предизвик – запознавање на личноста која ќе го промени тоа!

Бик

Кој рече дека среќата и парите не одат заедно? Денес очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а вечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве викаа пријателите.

Близнаци

Доколку не сте во врска, денес ќе биде поволен ден за подобрување на вашиот љубовен живот. Прифатете ја понудата за кафе од онаа личност која веќе неколку пати ве покани, и ќе се изненадите од интересниот помин.

Рак

Денес, амбицијата е она што ќе ви го одбележи денот. Но внимавајте, некогаш и не е толку добро да бидете толку амбициозни. Симнете се од облаците и почнете со работа, и онака веќе некое време ги запоставувате вашите обврски.

 




Коментари

коментари