СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (21 НОЕМВРИ, 2017)

Овен 

Во работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува.

Бик

Најдобро е кога би можеле да тргнете во прошетка, кино, попладневно кафе и сл. Потребна ви е одредена слобода или можеби нова љубовна врска. На работното место се прилагодивте на вообичаениот ритам на работа. Ќе ви се појави желба за работи поврзани со кратки патувања и комуникација со други луѓе.

Близнаци

Денот ќе го поминете во работна атмосфера. Доколку наидете на некои работни потешкотии не удирајте со главата во ѕид. Здивнете за момент и ладнокрвно проанализирајте ја целосно ситуацијата. Во спротивно можете да згрешите, а наградата која ви е на дофат може да ви избега.

Рак

Имате високо ниво на концентрација и внатрешна енергија. Ќе можете многу лесно да учите и ќе достигнете голем успех на работа, училиште или факултет. Во љубовта сериозните врски ќе бидат во една стабилна состојба на слога разбирање и љубов.

 




Коментари

коментари