Категории

Среќен роденден Тоше

Денес изминуваат 37  години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. 

Човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.

Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

Денес треба да сме среќни заради него. Затоа што Тоше не сакаше тажни лица и солзи, особено не за него.

Денес колку и да боли што го нема, подигнете ја главата, испратете му насмевка и запејте му песна. Само така тој вечно ќе живее.

 

Прегледи:
877
Објавено на:
25.01.2018