Среќа е да си хуман: Прочитај пријател, запознај книга!

Со огромна чест и задоволство, во соработка со професори од Економски, Правен, Филолошки и Филозофски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, македонскиот старт ап резервирај.мк и Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“  Ве повикуваат да се вклучите во хуманитарната акција „Прочитај пријател, запознај книга“.

Имаат голем број на книги кои сакаат да ги споделат со Вас. По тој повод, се организира  настан во Центар за дизајн и иновации  „Јавна соба“ на 8 Октомври 2017  (недела) во 17 часот. Се што треба да направите е да дојдете на настанот (може да резервирате маса тука), да ја одберете книгата која Ви се допаѓа и да донесете насмевка, книга, училишен прибор или спортска облека. Работите кои ќе ги донесете ќе бидат донирани во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ – Скопје.

За добра забава ќе се погрижат добро познатите скопски бендови Chill Play на кои исто така сакаме да им се заблагодариме за нивната несебична донација, Bona Dea и Blackout.

Најважното да не го запоравиме, љубовта кон книгата ќе ни донесе нови пријателства.




Коментари

коментари