Категории

Старбакс-Првиот кафич за глувонеми

Старбакс отвори нов кафич каде се вработени глувонеми личности и е посветен токму за нив. Засега Старбакс е единствена институција од таков карактер ширум светот која дава ваква можност. Ова има за цел да им даде мотив на луѓето кои припаѓаат во оваа категорија и да им даде чувство на припадност во општеството.

Ова е веќе мојата трета година како вработен во Старбакс. Премногу сум среќен што ја добив оваа можност. -вели еден од вработените.

За муштериите има оставено мени каде што можат да ја напишат нивната нарачка. Повеќе од 70 милиони луѓе во светот се глуви. Па така, нарачувањето кафе сега им претставува еден проблем помалку.

Прегледи:
577
Објавено на:
30.09.2016