Категории

Стилот на гостите на Њујоршката модна недела

Модните фанатици оваа недела повторно беа здружени по повод претставувањето на најновите колекции на познатите модни куќи а сцената овој пат се наоѓаше во една од најголемите модни престолнини – Њујорк. Судејќи по нивниот стил уште еднаш можеме со сигурност да потврдиме дек урбаните вибрации вешто се искачуваат на тронот, па трендсетерите уживаат во лежерниот и комфорен стил. Помеѓу доминантните парчиња беа спортски и кожни јакни, долги палта, панталони со широк крој и фармерки. Повеќе погледнете во галеријата подолу и инспирирајте се од нивниот стил.

 

Прегледи:
249
Објавено на:
19.02.2017