Категории

Стилски трикови со кои ќе изгледате потенко

Не е тајна дека Французинките имаат посебен стил и нивните комбинации секогаш го покажуваат нивниот талент за мода.

Тие се секогаш совршено средени без голем труд. Класични но сепак шик.

Едноставно знаат како да ја нагласат својата фигура на вистинскиот начин.

Тоа понекогаш значи да се сокријат некои мали несовршености, како на пример вишокот на килограми…

Затоа денес ви ги претставуваме нивните стилски трикови за постигнување на потенок изглед.

# Додадете ремен

Секогаш кога сте во можност и кога вашиот аутфит тоа го дозволува додадете ремен кој ќе ја дефинира вашата фигура. Ременот поставен точно на струкот ќе го одвлече вниманието од вашата половина.

1

# Вертикални риги

Искористете ја нивната моќ и издолжете ја својата фигура. Ако имате храброст облечете ги од глава до пери и ќе постигнете максимален ефект.

2

# Долг мантил

Заменете ги кратките јакни со долг блејзер или мантил. Со овој трик ќе направите долга линија која го следи телото, а со самото тоа ќе изгледате потенко.

3

# Долги фармерки

Совршено ќе ја издолжат фигурата. Ширината на трапезот ќе се прилагоди на обемот на колковите, а вашите нозе, но и самата фигура ќе делува потенко.

4

# Сукна или фустан на преклоп

Класичните сукни или фустани кои се сечени и се преклопуваат имаат многу позитивни ефекти по вашиот изглед бидејќи дијагоналната линија го става акцентот на вашите нозе, ја издолжува фигурата и дава правилни пропорции.

5

1 2

Прегледи:
636
Објавено на:
02.05.2016