Категории

Стоби Флипс – првиот македонски бренд што ја освои вселената

Стоби Флипс е првиот македонски бренд, со кој израснаа многу генерации.Уште од првото појавување, се истакна со квалитет и уникатност, поради што и веднаш го освои домашниот пазар.

Стоби Флипс за првпат е произведен во мај 1978 година, како првата вкусна крцкава ужинка, наменета за сите генерации. Витаминка има произведено неколку милијарди кесички Стоби Флипс. Секоја кесичка се карактеризира со ист неодолив вкус на кикирики.

Поради одржувањето на високите стандарди за квалитет, денес Стоби Флипс можеме да го најдеме и во продавница во Мароко, во супермаркет во Квинс или во маркетите во Париз.

Оваа година Стоби Флипс слави 40 години постоење. По тој повод компанијата „Витаминка“ сними видео со кое е прикажано лансирањето на Стоби Флипс во вселената. Погледнете го видеото.