Стоилов: Горд сум што сум капитен на овој тим

Јас сум горд што сум капитен на овој тим. Првиот македонски ракометен тим во машка конкуренција што ја освои Лигата на шампионите, рече по натпреварот Стојанче Стоилов, капитен на РК „Вардар“.

Според него, ракометарите покажале карактер и огромна храброст.

„Знаевме дека ќе биде исто како во полуфиналето, знаевме што треба да правиме, се боревме цел натпревар, одбраната беше пресудна. Се надеваме дека израдувавме цел град и цела Македонија“, порача Стоилов.




Коментари

коментари