Категории

Стојанче Стоилов нов капитен на Вардар

Стојанче Стоилов е новиот капитен на РК Вардар, соопштено е по денешниот прв тренинг на македонскиот шампион на стартот од подготовките за новата сезона. На првиот собир на екипата во која недостасуваат само хрватските олимпијци, Иван Карачиќ и Лука Циндриќ, Стоилов беше избран за нов капитен на екипата.

Капитенската лента, Стојанче Стоилов ја наследува од Филип Лазаров кој ја заврши соработката со Вардар и во новата сезона ќе настапува за романскиот Поли Темишвар.По заминувањето на  Лазаров во Темишвар и на Дејан Манасков во Рајн Некар Левен, Стоилов остана единствен македонски репрезентативец во составот на македонскиот шампион.

Прегледи:
391
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
27.07.2016