Стотина македонски доктори добија едукација за естетиката од престижниот француску доктор

Минатиов викенд, престижниот француски експерт за естетика, професор доктор Jean Pierre Amseleem им презентираше на стотина македонски доктори како тоа се прави најдобро.

Во организација на Веледрогерија & Едукативен центар ОРТО ДЕНТА ЕС во TCC Grand Plaza во Скопје се одржа едукација, која се состоеше од теоретски и практичен дел, на која проф. доктор Amseleem им презентираше како најдобро се скулптурира лицето и што е неопходно за да се врати свежината на лицето.

3Д скулптурирањето на лице со хијалуронски филери се користи за добивање правилна симетрија, воедно проф. доктор Amseleem ги подучи докторите за правилните техники на апликација со канила и анатомија на опасни зони, како и корекции на несаканите резултати.

Покрај примерите за негови пациенти преку фотографии, тој своите вештини ги презентираше и практично на едукацијата, на модели кои имаа желба за корекција на своите несовршености на лицето.

Во иднина следуваат уште многу настани и едукативни обуки организирани од страна на Веледрогеријата & Едукативен центар ОРТО ДЕНТА ЕС. За сите новости и тајни на совршениот изглед и естетика следете ги на нивниот фејсбук и инстаграм профил.

 




Коментари

коментари