Категории

Нова серија за фановите на “Stranger Things“, погледнете го трејлерот за серијата “Dark” (ВИДЕО)

Серијата “Dark” од 1 декември се најде на Netflix. Taa изобилува со интриги, длабоко чувани тајни, исчезнувања, семејни врски, убиства.

Многумина ќе забележат дека оваа тешка семејна драма неверојатно потсетува на извонредно пакуваниот микс на омилените серии “Stranger Things” и “Twin Peaks”. Исто како и во серијата “Stranger Things” , така и во “Dark” приказнат започнува кога еден млад човек од малиот германски град Витен, исчезнува во неразјаснети околности, по што следува уште едно исчезнување. Но, почетокот само потсетува, затоа што во прашање е нешто сосема друго, автентично и многу добро.

Творци на серијата се Баран Бо Одар (“Sleepless”) и Јантје Фриси (“Who Am I”), a серија е комплетно снимена и продуцирана во Германија, додека повеќето актери се исто така Германци. Главните улогиги толкуваат Луј Хофман, Оливер Маучи, Јордис Трибел, Маја Шон, Себастијан Рудолф, Анатол Таубман, Марк Вашке, Каролин Ајххорн и Стефан Кампртит. Оно што истото нема да помине незабележано е музика за која е заслужен еден од најдобрите електронски музичари на денешницата, Бен Фрост.

Погледнете го трејлерот.

https://youtu.be/zy0b9e40tK8

 

Прегледи:
479
Објавено на:
12.12.2017