Стрес менаџмент работилница со Свами Џотирмаја

Свами Џотирмаја е високоценет меѓународен учител и еден од најголемите мудреци на денешнината кој патува низ целиот свет и споделува знаење и мудрости за животот.

Затоа не пропуштајте ја оваа прилика и придружете ни се на тридневната Програма на среќата со единствениот Свами Џотирмаја од Инидија.

За само три дена, ќе научиме како да ја подигнеме енергијата, ослободувајќи се од насобраниот стрес и напнатост, како да го подобриме фокусот постигнувајќи длабок одмор и смирен ум чекорејќи низ животот со насмевка на лицето.

На работилницата на Уметност на живеење, ќе добиете знаење за здивот, Pranayama – јогистички техники на дишење, искуство во медитацијата. Составен дел е и Сударшан Крија®, техника која користи различен ритам на дишење при што сите клетки се прочистуваат и исполнуваат со кислород и енергија, а истовремено се воспоставува рамнотежа во животот и се спознаваме себе си. Практикантите велат дека со редовно вежбање (15-20 минути дневно) ја подобриле физичката и менталната способност како и меѓучовечките односи.

Повеќе информации можете да најдете на следната интернет страна: www.artofliving.org/mk-mk.

Термин на одржување:

23 февруари 2018 (петок) 18:00-21:00

24 февруари 2018 (сабота) 10:00-13:00

25 февруари 2018 (недела) 10:00-13:00




Коментари

коментари